Бројот на заразени опаѓа, до крајот на месецов пристигнуваат нови вакцини

од Берта Китинска
310 прегледи

Изминативе денови во земјава е забележано намалување на бројот на новозаразени, надлежните велат дека бранот стивнува полека, но се уште има приеми во болниците..

„По мини-пикoт што беше пред неколку дена, имаме наналување на бројот на заболени. Тоа значи дека мерките се добри, а со тоа се олеснува и работата на здравствените работници, се уште имаме приеми во болниците, но притисокот е намален.Ова се знаци дека овој бран стивнува“, кажа Филипче.

ТОј информираше дека на 28 април во земјава ќе пристигнат  200.000 вакцини од Кина.

„Следната недела според најавите од „Фајзер“ на 19 април  треба да пристигнат 10.000 вакцини, понатаму на 26 уште 10.000, и утрово стигна потврда од кинеската амбасада дека целокупната количина од 200.000 кинески вакцини треба да пристигне околу 28 април“, рече Филипче.

Македонија засега не планира да нарачува вакцини од српскиот институт Торлак каде вчера почна да се произведува руската вакцина Спутник В, а првите количини за испорака се најавени за првата половина на јуни.

Филипче рече дека засега не ни треба нарачка, бидејќи според планот веќе на хартија имаме обезбедено 2 милиони и 600 илјади вакцини, од Фајзер, преку Ковакс, руски Спутник, кинески Синофарм и Синовак и од ЕУ.

Воедно тој истакна дека евентуалното продолжувањето на сегашните рестриктивни мерки по 20 април ќе зависи од епидемиолошката состојба и индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 145.001, бројката на оздравени пациенти е 120.707, на починати е 4.357, а бројот на активни случаи изнесува 19.937.

Слични содржини