Се спрема голем удар врз Лигата на шампионите: Формирана Суперлига

од Nikola Popovski
434 прегледи

Лигата на шампионите, елитното европско клупско натпреварување, претрпе голем удар откако официјално беше објавено формирањето на таканаречената „Суперлига“.

Дванаесет водечки (читај – најбогатите) клубови во Европа одлучија да формираат натпреварување наречено Суперлига.

„Основачките клубови“ се наведени како основачи на лигата, а ги има вкупно 12.

Тоа се Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем.

„Очекуваме дискусии со УЕФА и ФИФА со цел да ги постигнеме најдобрите исходи за новата лига, но и за фудбалот воопшто“, било наведено во најавата за новоформираното натпреварување.

УЕФА претходно посочи дека играчите кои ќе играат во ова натпреварување ќе бидат спречени да играат за своите репрезентации, додека поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, истакна дека формирањето на ова натпреварување „ѝ го врти грбот на 70-годишната традиција “.

Европската асоцијација на клубови исто така се огради од ова натпреварување.

Слични содржини