Вчера едногласно Собранието го изгласа петтиот пакет економски мерки. Пратеници заболени со ковид 19 дојдоа во скафандери и учествуваа на 36. седница.
Имено пратеничката Бисера Костадиновска Стојчевска од СДСМ која е позитивна на ковид 19 вчера најави самата на Фејсбук дека ќе дојде во Собрание со амбулантно возило од Битола, на свој трошок. Вториот пратеник кој исто така е позтивен и учествуваше во гласањето е Мирослав Богдановски од ДОМ кој вчера пристигна со сопствено возило и беше сместен во кабина за изолација.
Веста дека двајца пратеници позитивни на ковид 19 присуствуваа на гласањето во законодавниот дом беше проследена и од српските медиуми: „Пратеници заразени со коронавирус гласаа во Собранието: Мицкоски – ова е тероризам“, „Скопје: „Заразените пратеници гласаа во скафандери костуми, најавена кривична пријава“..„ВИРУСОТ СИ Е ВИРУС, АМА КВОРУМОТ Е ЗАКОН: Заразени пратеници во скафандери гласаа во Скопје!“….