Костадинова-Стојчевска: Никој не ме натера, дојдов по свое убедување за да гласам за доброто на граѓаните

од Viktor Jovanov
525 прегледи

Дојдов по свое убедување, не бев приморана од никого како што се вели во јавноста. Јас и уште едниот колега сме избрани од народот и секогаш кога ќе почуствуваме дека сме во можност да носиме закони за доброто на граѓаните ќе бидеме таму во Собранието. Јас ги следев протоколите, се возев со приватно амбулантско возило кое јас лично го платив. Сакав да присуствувам на седницата и сакав да престанат манипулациите на опозицијата. Се работи за граѓаните кои го очекуваа овој петти пакет мерки повеќе од 2 месеци, изјави пратеничката на СДСМ Бисера Костадинова Стојчевска која вчера позитивна на Коронавирусот се појави во Собранието со скафандер.

-Не направив никакво кривично дело. Протоколот се однесува на пратници кои се дома, а немаат симптоми на Ковид 19, јас сум асимптоматска. Нема никакво кршење на ниту еден закон. Јас и колегата пристигнавме со засебни возила, бевме придружувани по посебен пат, не како сите пратеници. Ние бевме горе во салата и не седевме заедно со другите пратеници. Опозицијата не го цитира тој момент, дека не може да станува збор за кривичен прекршок доколку се работи за јавен интерес, не отидов да се прошетам, туку отидов со скафандер и медицински персонал за да гласам во Собранието, рече Костадинова Стојчевска.

ВМРО ДПМНЕ и Левица најавија кривична пријава за биолошки тероризам против Костадинова Стојчевска и уште еден пратеник кој исто така дојде позитивен на Ковид 19 во Собранието. Стојчевска вели дека на овие кривични пријави ќе одговори со кривични пријави.

-Ќе одговорам на секоја кривична пријава, но морам да им кажам на нив, дека јас исто така ќе возвратам со кривична пријава до ВМРО-ДПМНЕ и Левица зошто пратеници од ДПМНЕ доаѓаат на работа, и наместо да влезат да гласаат и да ја извршат должноста, тие седат во своите канцеларии, вели Костадинова Стојчевска.

Пратеничката од СДСМ додаде дека јавно ќе ги објави сите профили на социјални мрежи од кои добива закани.

Слични содржини