Втората доза на „Астразенека“ ќе ја добијат сите македонски граѓани кои се вакцинираа во Србија

од Берта Китинска
225 прегледи

Српскиот министер за здравство Златибор Лончар во однос на вакцинацијата на македонските граѓани во Србија рече дека тој процес е взаемна солидарност која ќе продолжи и дека  додека трае заедничката прес-конференција со неговиот гостин Веко  Филипче и натаму граѓани на Македонија се вакцинираат во Србија.

„Овој процес на взаемна солидарност ќе продолжи имајќи предвид дека во време на пандемија ниедна земја не може проблемите од ваков тип да ги реши сама. Разговаравме и за сите оние граѓани на Македонија кои имаат некоја причина да работат овде, имаат фирма, да им излегиваме пресрет. Така и ќе продолжиме од едноставна причина што мислиме дека една држава не може да го реши овој голем проблем во оквир на своите граници, ова е многу попголем проблем и ако е им многу подобро на сите наши соседи и нам ќе ни биде многу подобро. Што се однесува до граѓаните од Македонија кои веќе се вакцинираа во Србија она што најмалку ќе може да го направиме за нив и она што им е обезбедено е да ја примат и втората доза од вакцината тука, односно на пунктовите каде што веќе ја имаат примено првата доза.  Но, секако, доколку се договориме поинаку, можно е и да се отстапат вакцини, сѐ е работа на договор“, изјави Лончар.

Тој соопшти дека во Србија досега се вакцинирале речиси 15.000 македонски граѓани.

Слични содржини