ЖИВОТОТ МУ Е ЗАГРОЗЕН: ОН ја повикаа Русија Навални да биде евакуиран за итно лекување во странство

од Vladimir Zorba
168 прегледи

Експертите за човекови права на ОН ја повикаа Русија денес да дозволи затворениот опозициски лидер Алексеј Навални да биде евакуиран на лекување во странство, наведувајќи дека веруваат дека неговиот живот е во опасност.

Навални беше приведен во тешки услови и „му беше забранет пристапот до соодветна медицинска нега“ и таквите услови може да се сметаат за тортура, се вели во соопштението, пренесе Ројтерс

– Ги повикуваме руските власти да обезбедат Навални да има пристап до своите лекари и да биде евакуиран за итно лекување во странство, како што беше случајот во август 2020 година – изјавија експерти на ОН.

Навални, најголем критичар на Кремљ, започна штрајк со глад пред три недели. Тој издржува казна затвор од две и пол години под обвинение за стар случај на проневера, за кој тврди дека е лажно.

Слични содржини