Одлуката се носи денес: Ќе има ли продолжување на полицискиот час за празниците?

од Берта Китинска
223 прегледи

Состојбата со епидемијата бележи надолен тренд, мерките дадоа резултати, вели министерот за здравство Венко Филипче кој посочува дека од досегашното стекнато искуство многу брзо може да се смени состојбата доколку не се почитуваат мерките.

Комисијата за заразни болести денеска ќе одржи средба на која ќе се одлучи дали ќе има нови мерки за време на претстојните празници.

Главниот кризен штаб предложи  предлага од 27 април до 15 мај полицискиот час да започнува од 21 часот, додека во угосителските објкети да отворат само летните тераси.

-Во периодот од 27 април 2021 година (вторник), заклучно со 15 мај 2021 година (сабота), да се отворат угостителските објекти за работа со посетители/гости во отворениот дел од угостителскиот објект (само летни тераси, градини, а не во затворениот дел); Забраната и посебниот режим на движење да почнува од 21:00 часот до 05:00 часот наредниот ден;
Да ги разгледа можностите при намалување на рестриктивните мерки да се дозволи организирање на спортски тренинзи организирани од страна на фитнес центри/клубови на отворен простор (наместо во затворена спортска вежбална/сала), предложи пред неколку дена Главниот кризен шатаб.

Филипче и поглаварите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и поглаварот на Исламската верска заедница, Реисул Улема хаџи Шаќир ефенди Фетаи, пред неколку дена остварија средба  на која разговарале за актуелната состојба со Ковид-19 во земјава и за можните ризици од групирање за време на претстојните верски празници.

Филипче на Фејсбук објави дека на средбата се согласите оти сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и се договориле да ја интензивираат комуникацијата во следниот период.

-На средбата разговаравме за актуелната состојба со коронавирусот при што им укажав на ризиците кои ги носи групирањето на верниците во затворени простории за време на претстојните верски празници. Се согласивме дека сите чинители треба активно да придонесат во битката со пандемијата и договоривме интензивна комуникација во следниот период, наведува Филипче.

Полицискиот час беше воведен на 20 март и започнуваше од 22-05 часот, од 6 април се донесе одлука истиот да биде скратен и да започнува од 20-05 часот воедно се воведе и забрана за работа на угостителските објекти, фитнес центрите, хотелите

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.588, бројката на оздравени пациенти е 129.053, на починати е 4.677, а бројот на активни случаи изнесува 16.858.

 

Слични содржини