Владата треба да донесе одлука дали новиот полициски час од 21 часот ќе важи од среда.
-За време на двата празника Велигден и Бајрам, граѓаните ќе може слободно да се движат, а потоа следниот ден повторно се враќа на сила ограничувањето на движењето, истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој кажа дека оваа предлог мерка ќе биде доставена до Владата на разгледување.
Според здравствените власти олеснувањето на мерките е поради подобрување на епидемиолошката состојба со Ковид-19, намален бил бројот на новозаразени и на пациенти кои имале потреба од хоспитализација
Филипче напомена дека во оваа состојба мора да сме исклучително внимателни.
-Верските лидери земаа обврска црковните служби и молитвите да ги организираат надвор од верските објекти. Ова е состојба во која сите мора да сме исклучително внимателни. Таков начин на организација комбинирана со одговорност на граѓаните ќе не доведе во ситуација да нема прекршување на мерките. Сите со сопствената одговорност, да покажеме дека можеме функционираме и во присуство на вирусот, изјави Филипче.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.672, бројката на оздравени пациенти е 129.909, на починати е 4.714, а бројот на активни случаи изнесува 16.049.