Премиерот Зоран Заев, синоќа му ја честиташе победата на албанскиот премиер Еди Рама на парламентарните избори, нарекувајќи го драг пријател.
„Му честитам на мојот драг пријател Еди Рама за изборната победа. С. Македонија и Албанија ќе продолжат уште похрабро напред, и како сојузници во НАТО и кон евроинтеграциите. Нашиот регион очекува светла иднина преку интензивна соработка“, напишал Заев на својот профил на Твитер.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно прогласи „најдобра победа“ на парламентарните избори и рече дека го освоил „историскиот“ трет мандат.
Врз основа на избројаните 95 проценти од анкетите, Социјалистичката партија на Еди Рама освоила 48,6 проценти од гласовите на изборите во неделата, што е за околу десет проценти подобро од опозицијата собрана околу десноцентристичките демократи.
Според проекциите на Централната изборна комисија (ЦИК), Социјалистичката партија ќе има 74 од 140 места во парламентот, односно апсолутно мнозинство, што му овозможува на Еди Рама да биде првиот премиер што ќе освои трет мандат.