Се преврте товарен воз кај кумановското село Романовце

од Andreja Salpe
331 прегледи

Утринава товарен воз се превртел во кумановското село Романовце и оштетил 250 метри шини од железничката пруга Скопје – Куманово, која е дел од Коридорот 10.

Несреќата се случила во 9.20 часот, кога на релацијата Трубарево – Куманово композиција од 20 вагони пренесувала толчен камен за потребите на Македонска железница – Инфраструктура и 12 вагони се излизгале од пругата.

Повредени нема, но направена е голема материјална штета.

„Има голема материјална штета и ќе трпиме голема загуба поради нефункционирање на многу важниот дел за нас Коридор 10, железничката пруга која ја поврзува нашата држава со целиот свет. Јас можам да ветам дека ќе направиме натчовечки напори што поскоро да ја оспособиме пругата и да ја ставиме во функција поради нејзината огромна важност, бидејќи посебно овој дел, ова парче е дел од Паневропскиот коридор 10“, најави директорот на Македонски железници Хари Локвенец