Прославениот шпански фудбалски голман, Икер Касиљас повторно имаше проблеми со срцето и беше примен во болница.
Според извештаите на медиумите на Пиринејскиот полуостров, Касиљас минатата недела повторно бил примен во болница во Мадрид поради силна болка во градите. Тој играл тенис со пријателите кога забележал дека срцето му чука брзо и веднаш се јавил на лекар.
Тој бил подложен на тестови, по што е исклучена можноста за нов срцев удар. Потоа бил пуштен дома. Лекарот му предложил да биде претпазлив во наредните денови.
Касиљас имаше срцев удар на 1 мај 2019 година, на тренинг во Порто, по што беше принуден да ја заврши својата долга, одлична кариера.
За Реал Мадрид тој бранеше на 510 натпревари од 1999 до 2015 година. Застана на голот на Порто 116 пати.
Тој играше за репрезентацијата на Шпанија, со која беше светски шампион во 2010 година, од 2000 до 2016 година на дури 167 натпревари.