📸 „Не уживам во животот повеќе“: Беше фудбалска легенда, потоа доживеа срцев удар и развод

од Stefanija Kuzmanovska

Икер Касиљас без сомнение е еден од најдобрите голмани во поновата историја, но е во мирување, наместо да ги жнее плодовите на големата кариера. Славниот голман помина низ вистинска драма.

Касиљас најпрвин на тажен начин ја заврши својата славна кариера, бидејќи се пензионираше поради последиците од тежок срцев удар, а потоа го напушти сопругата Сара Карбонеро.

Во Реал Мадрид мина 16 години и за тоа време одигра 725 натпревари, потоа за пет сезони во Порто 167 пати го чуваше голот, но уследија тешки моменти.

По 11 години се раздели од Сара. Нивниот бакнеж од СП 2010 го обиколи светот, а љубовната приказна е завршена.

Касиљас појасни дека повеќе не се ни обидува да се преправа дека се е во најдобар ред.

„Не спијам редовно. Сакам да изгледа како да сум добро, но не можам да уживам во животот. Слушам стари песни, но веќе не можам да сонувам“, изјавил Касилјас.

Тој неодамна објави фотографија од село, а истата доби огромен број лајкови и коментари.

Многумина беа загрижени за неговиот изглед.

„Изгледаш како да те удрил воз“, му напиша Жерар Пике.

Слични содржини