Министерството за внатрешни работи соопшти дека во скопскиот бар „Три кичен“ сношти во 1.30 часот по полноќ биле затекнати седум лица, кои потоа биле приведени од полицијата.
„На 06.05.2021 во 01.30 часот, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Скопје извршиле контрола во угостителски објект на улица 50 Дивизија во Скопје. Притоа, во објектот биле затекнати седум лица, меѓу кои и Х.Џ.(43) од Скопје, одговорно лице во објектот. Утврдено е дека објектот работи по дозволеното време односно не се почитуваат препораките и мерките на Владата за заштита од болеста. Лицата биле приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави“, велат од полицијата.
Од вчера, полицискиот час е пократок и започнува во 23 часот, а кафеаните мора да затвораат во 22.30.