Адеми: Не бевме во Брисел да молиме или кукаме, ги презентиравме македонските ставови

од Nikola Popovski
355 прегледи

Советникот за надворешна политика во кабинетот на премиерот Заев, Едмонд Адеми од Мадрид изјави дека резултатот од денешната средба на премиерот со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Унијата, Жосеп Борел е дека одвојувањето на Албанија од Македонија, на патот кон ЕУ, не е на агендата на европското семејство.

„Не се размислува, ниту се планира такво нешто“, вели Адеми во вклучување во живо во емисијата „24 анализа“.

Адеми потенцира дека како порака, нашите челници во Брисел пренеле дека С. Македонија ги исполнила сите услови за пристапување.

„ЕУ е време да го испорача, она што самата во март 2020 година, го одлучи, а тоа е почеток на преговори со нашата земја“, додаде советникот, при што нагласи дека официјалните владини претставници „не биле во Брисел да молат, ниту да кукаат, туку да ги презентираат ставовите и позициите на С. Македонија“.

Слични содржини