СЗО: Индискиот вид на коронавирус откриен во 44 земји

од Stefanija Kuzmanovska
413 прегледи

Светската здравствена организација (СЗО) ја откри варијантата на коронавирусот која предизвика нагло зголемување на бројот на заболени во Индија во 44 земји во светот.

Варијантата Б.1.617, која првпат се појави во Индија во октомври, е откриена во 44 земји во сите шест региони на СЗО, соопшти организацијата, додавајќи дека мутациите што ги носи се „загрижувачки“.

По Индија, најголем број од оваа варијанта на вирусот е забележан во Велика Британија.

Во Индија, околу 4.000 луѓе умирале дневно во последните денови од ковид 19, а вкупниот број на смртни случаи е скоро 250.000.

Според АП, ваквите варијанти треба да се следат за да се утврди дали мутациите доведуваат до повторна инфекција или намалена ефикасност на вакцините.

СЗО соопшти дека вакцините против ковид-19 се ефикасни во спречување на болести и смрт кај лица заразени со варијанта Б.1.617.

Слични содржини