Колку се вакцинираните заштитени од корона: Охрабрувачки резултати од ново истражување

од Берта Китинска
241 прегледи

Кај луѓето вакцинирани против коронавирус, по 35 дена, можноста за инфекција со коронавирус е намалена за 80 проценти, вакцинираното лице има 90 проценти помала веројатност да заврши во болница поради инфекција, додека смртноста е намалена за 95 проценти, според студија спроведена во Италија.

Истражувањето е спроведено од Високиот институт за здравство во соработка со Министерството за здравство, а е спроведено на 13 милиони имунизирани лица од декември минатата година до мај годинава, пишува агенцијата Анса, а пренесува Танјуг.

Од вакцинираните, 95 проценти добиле комплетна, односно и доза вакцина Пфајзер, и за време на студијата, ниту едно лице не било превакцинирано со АстраЗенец.

Досега во Италија се вакцинирани над 18 милиони луѓе, што е околу 30 проценти од вкупното население..

Слични содржини