Милионери протестираа пред куќата на Безос: „Сакаме повеќе даноци“!

од Vladimir Zorba
302 прегледи

Група милионери излегоа на улиците во Њујорк и Вашингтон и протестираа барајќи богатите, во кои и самите припаѓаат, да започнат да плаќаат повеќе даноци.

Демонстрации се одржаа пред куќите на најбогатиот човек во светот и директорот на „Амазон“, Џеф Безос, во Њујорк и Вашингтон.

Организацијата „Патриоти милионери“, која собира богати поединци, бара да се усвојат прогресивни промени во оданочувањето и побогатите граѓани да плаќаат повеќе даноци.

Групата исто така го поддржува планот на претседателот Џо Бајден да ги зголеми даноците за корпорациите и Американците кои заработуваат повеќе од 400.000 долари годишно. Зголемувањето на данокот во голема мера треба да го опфати предлогот на претседателот да инвестира 2 трилиони долари во инфраструктура и 1,8 трилиони долари во план за семејна помош.

„Патриоти милионери“, чии членови заработуваат повеќе од милион долари годишно и имаат имот вреден повеќе од 5 милиони долари, се собраа пред куќите на најбогатиот човек.

„Со ваков систем, дојдовме до точка кога има неколку богати и голем број сиромашни и тоа не функционира. Не е одржлива ситуација за општеството“, изјави за „Гардијан“ Морис Пирл, претседател на „Патриоти милионери“.

Иако Безос во принцип рече дека го поддржува зголемувањето на даноците за корпорациите, „Амазон“ плати само 9,4 проценти од данокот на доход во февруари минатата година, помалку од половина од законски пропишаните 21 процент.

Според планот на администрацијата на Бајден, корпоративната даночна такса треба да се зголеми од 21 на 28 проценти. За време на претседателството на Доналд Трамп, во 2017 година, Конгресот ја намали годишната стапка на данок на добивка од 35 на 21 процент.

Слични содржини