Селена Гомез е јавна личност чиј коментар е „најлајкуваниот“ на платформата ЈуТјуб.
Имено, целиот свет ја следеше нејзината љубовна приказна со пејачот Џастин Бибер од тинејџерските денови, па се до последната разделба и бракот со Хејли Бибер.
Гомез никогаш не криеше колку е скршена по последното раскинување, а целата болка што ја чувствуваше во 2019 година ја претстави во песната „Lose You To Love Me“, која недвосмислено ја посвети на канадскиот пејач.
Песната тогаш имаше голем успех, а сега има повеќе од 350.700.000 прегледи. Пејачката го закачи својот коментар под песната и посочи колку е лична оваа песна за неа, и најде милиони поддршка од нејзините обожаватели и слушатели ширум светот.
„Оваа песна е инспирирана од многу работи што ми се случија откако го издадов мојот последен албум. Сакам луѓето да се чувствуваат надежни и дека ќе излезете посилен и ќе бидете подобра верзија на себе”, стои во коментарот на пејачката, што има повеќе од 1.200.000 лајкови.