227
Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека наскоро во земјата ќе пристигнат нови количини на вакцини.
-Тече вакцинацијата на хронично болните лица. 500 илјади вакцини од „Синовак“ ќе пристигната на почетокот на јуни како и 100 илјади Фајзер преку КОВАКС водено имаме најава дека на крајот на месец мај, ќе пристигнат и руските вакцини, но немаме се уште потврда. Има сосема доволен број на вакцини за да се задржи ова темпо на вакцинација, рече Филипче
Во однос за тоа дали можеби нарачката на руските вакцини би била стопирана по вчерашното протерување на руски дипломат од нашата земја, министерот рече дека нема такви информација и нема најава за политизација по однос на ова прашање.