Во рамките на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера во Скопје изрече се вкупно 173 мерки, меѓу кои 42 за возење повеќе од дозволената брзина, 12 за возење без возачка дозвола, како и 17 за прекршоци што ги прават возачите за мотоцикли.
Исто така, изречени се осум санкции за користење мобилен телефон, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила и 59 санкции за непрописно паркирани возила.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат, а од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.