Намирници кои ќе го подобрат вашето расположение

од Stefanija Kuzmanovska
344 прегледи

Да се ​​биде опкружен со вистински луѓе е најдобриот рецепт за добро расположение, меѓутоа, и храната може да ви помогне во тоа, поточно правилниот избор на одредена храна.

– Расположението често влијае на нашиот избор на храна, но многу почесто, токму храната влијае на нашето расположение – вели нутриционистката Наташа Џукиќ и открива каква храна треба да јадете за подобро расположение, пренесува „Србија данас“.

Темно чоколадо: Доволно е да земете 30 до 40 грама црно чоколадо, за да се чувствувате подобро.

Протеини: Органски јајца, сирење, неколку бадеми можат да помогнат во одржување на нивото на шеќер во крвта и зголемување на енергијата и расположението.

Банани: Бананите содржат допамин, природна хемикалија која го подобрува расположението.

Кафе: Пиењето кафе наутро влијае на голем број невротрансмитери, кои се поврзани со контрола на расположението.

Ферментирани производи: Кефир и кисело млеко со пробиотски бактерии, позитивно влијаат на развојот на добра цревна флора, што придонесува за подобро расположение.

Храна што треба да се избегнува:

Секоја преработена храна лошо влијае на здравјето на цревата: шеќер, маргарин, храна што содржи вештачки бои, натриум глумат, вештачки засладувачи и други опасни адитиви.

Слични содржини