Шилегов за законот за дивоградби: Ние мора да ги казниме неплаќачите

од Берта Китинска
348 прегледи

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов во емисијата „Вин Вин“ на Телма вели дека преку Законот за легализација на дивоградбите ќе се казната неплаќачите и дека треба да се овозможи да бидат легализирани објекти кои се од примарно значење на граѓаните.

-Оваа држава носи закони со кои ги наградуваат неплаќачите. Ние кои цел живот ги плаќаме редовно давачките сме изиграни. Сега сме доведени во ситуација каде далноводи , градник, училишта…се нелегализирани  и нема правен основ да се легализираат. Пример ако сакате да го реконструирате училиштето не можете да земете документација за тоа да го направите затоа што е дивоградба.Затоа морада се создаде правна рамка. Јас не молчев овој закон беше со години во собраниска процедура мојот став како и на ЗЕЛС беше да бидат легализирани објекти кои се од примарно значење на граѓаните. Ние мора да ги казниме неплаќачите, вели Шилегов.

Слични содржини