229
Поради намалување на бројот на заразени случаеви со ковид 19,Комисијата за заразни болести утрово препорача до Кризниот штаб олабавување на мерките.
Од следната недела заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено, препорачуваат од КЗБ.
-Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни.Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски, информираше министерот за здравство по состанокот кој утрово го одржа со членовите на Комисијата за заразни болести.