Владата го повлече предлог-законот за дивоградби од собраниска процедура

од Берта Китинска
189 прегледи

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 74-та седница одржана преку видеоконференциска интернет врска, врз основа на известувањето за спроведените активности поднесено од Министерството за транспорт и врски донесе Одлука за повлекување на Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, кој се наоѓа во собраниска процедура.

-Во известувањето, кое го прифати Владата беше изнесено дека во изминатиот период ресорното министерство (МТВ) организираше работни средби со претставници на комори и асоцијации од областа на градежништвото, урбанизмот, претставници на граѓанскиот сектор и учествуваше во јавни дебати организирани од страна на останати субјекти, на кои беа дадени забелешки за одредени законски решенија и предлози и сугестии за нивно доуредување.Министерството за транспорт и врски ќе изработи нов Предлог-закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, согласно дадените забелешки, стои во соопштението од Влада.

Слични содржини