Истражување открива дали вакцините против ковид 19 влијаат на плацентата

од Stefanija Kuzmanovska
240 прегледи

Истражување покажа дека нема промени, воспаленија или оштетувања на плацентата кај бремени жени кои примиле вакцина против коронавирус.

Најновото истражување, спроведено од непрофитната здравствена мрежа во Илиноис „Northwestern Medicine“ покажа дека вакцините против ковид 19 не влијаат на плацентата на жените, пренесува „Anadolu Agency“.

„Гледајќи дека нема никаква промена, нема воспаление или оштетување на плацентата, се чувствуваме уште подобро знаејќи дека ова е безбедна вакцина“, рече Шад Деринг, претседател на Одделот за медицина на мајки и фетуси во Детската болница во Сан Антонио.

Деринг рече дека ова истражување е поважно отколку што многумина сфаќаат, бидејќи тоа специјално ја проучувало плацентата, т.н. прозорец во бременоста.

„По породувањето, научниците ја набљудувале плацентата под микроскоп за да утврдат дали има докази за воспаление или оштетување што може да бидат предизвикани од вакцинацијата“, рече Деринг.

Истражувањето е објавено од „Списание за акушерство и гинекологија“, а бремените жени кои примиле вакцина против коронавирус, како и оние кои не ја примиле, учествувале во студискиот процес.

Плацентата е орган проникнат со многу густ систем на крвни садови кој ја формира врската помеѓу матката и фетусот. Овој орган го снабдува фетусот со хранливи материи и го отстранува отпадот од фетусот, кој потоа се излачува преку бубрезите на мајката.

Слични содржини