Заев: Косово и Србија да учат од нашиот пример со Грција

од Nikola Popovski
289 прегледи

Премиерот Зоран Заев, смета дека Белград и Приштина треба да го земат Договорот од Преспа како модел за решавање на косовското прашање.

Коментирајќи го дијалогот меѓу Белград и Приштина, Заев синоќа за „Клан Македонија“, рече дека Брисел треба безусловно прво да ги либерализира визите за граѓаните од Косово.

„Лидерите на Косово и лидерите на Србија им должат на своите граѓани иднина, перспектива. Не е лесно за обете страни, но нека научат од нашиот пример со Грција“, рече Заев.

Тој додаде дека „вратите на минатото мора да се затворат кога ќе се отворат прозорците на иднината“.

Во интервју за таа скопска ТВ. Заев зборуваше и за феноменот нон-пејпер, кои, како што вели, се „промотори на националистичката политика во регионот“ со проектот за формирање на партијата Илирида во Македонија и тие излегуваат на површина секогаш кога Европа е слаба.

„Тие треба да бидат сигнал до Бугарија и Брисел дека процесот на интеграција на регионот во ЕУ треба да продолжи интензивно. Тоа е враќање на долгот кон Западен Балкан“, рече Заев.

Според него, одговорот на Европа на ваквите проекти за промена на границите на Балканот треба да биде зајакнување на процесот на европска интеграција за земјите од регионот.

На оние кои, како што рече, ги промовираат националистичките идеи во С. Македонија, Заев изјави дека нема да победи на локалните избори на ниту едно ниво. Тоа, како што рече, веќе не се случува во Македонија.