165
Министерството за внатрешни работи денеска спроведе зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територијата на општина Ѓорче Петров и Сарај.
Поради непочитување на прописите, санкционирани се 130 возачи. Од нив 16 управувале возило без возачка дозвола, а 22 управувале со брзина поголема од дозволената, велат од полицијата.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до учесниците во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и заеднички да придонесеме за поголема безбедност.