Заев: Левица испадна дека е и десница и контра за се

од Берта Китинска
246 прегледи

Ќе се изнајде решение, нависитна не ја сфаќам логичноста на Левица, таа  испадна дека е и десница и контра за се, Законот за државјанство  е решение за сите кое е по европските стандарди и сега да се блокира не можам да сфатам, изјави денеска премиерот Зоран Заев коментирајќи ја вчерашната блокада  на Законот за држаавјанство од страна на  пратениците од „Левица“ .

Предолгиот говор на пратеникот Апасиев ги револтираше пратениците на албанската опозиција кои побараа да зборува поконкретно за амандманите а не воопшто за државјанството.

Седницата беше одложена на неодредено време. Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива поднесе вкупно 10 амандмани, со кои се менува предлог-законот за државјанство. Тие беа изготвени по последната средба и договор кој го постигнаа со Владата. Целта е да се олесни процесот за добивање државјанство на стотици граѓани кои, иако се родени или долго време живеат во Македонија, немаат државјанство.

Слични содржини