Грција ќе достави вкупно 40.000 дози вакцини против Ковид-19 на Албанија и Северна Македонија, изјави денеска портпаролката на владата на земјата.
„Грција, во координација со Европската комисија, како што прават повеќето европски земји за своите соседи, ќе понуди вакцини, односно 20 000 дози за Северна Македонија и 20 000 дози за Албанија“, рече на прес-конференција портпаролката Аристотелија Пелони, пренесе Ројтерс.
Пелони не прецизираше кога тоа ќе се случи.
Денес беше објавено дека и Бугарија планира да донира до 150.000 вакцини „Астра Зенека“ на државите од Западен Балкан, соопшти бугарскиот технички министер за здравство Стојчо Кацаров.
„За жал, процедурата е многу тешка. Се налага согласност со ЕК и фирмата производител, независно дали ќе ги донираш или продадеш вакцините и тоа одзема долг временски период. Ние тоа добро го проучивме“, рече Кацаров.