Нови правила за влез во Грција: Позитивните во десетдневен карантин

од Берта Китинска
182 прегледи

Од утре во Грција стапува на сила обврската да се спроведе задолжителен влезен тест за лица постари од 6 години.

Сите туристите ќе можат да влезат во оваа земја со негативен тест, не постар од 72 часа или сертификат.

Сите оние кои се позитивно тестирани на границата ќе треба да бидат ставени во карантин од 10 дена.

Условите за влез во Грција се менуваат, ќе бидат дозволени туристички тури на групи од по 20 лица на отворено.

Списокот со услови за влез во Грција е следен:

1) Пополнет формулар PLF

Овој формулар може да се најде на страница travel.gov.gr

2) Доказ за имунизација

На отворено ќе биде дозволено да шетаат група од 20 луѓе со водич.

Во однос за влез со потврда за вакцинација, ќе може да се влезе со која било вакцина, но последната доза мора да биде примена најмалку 14 дена пред влезот во земјата.

Доколку не сте вакцинирани морате да имате ПЦР тест не постар од 72 часа. А ако сте го прележале коронавирусот треба да дадете на увид потврда дека сте боледувале од вирусот во период од 2 до 9 месеци пред влезот. Тоа се потврдува со тогашен позитивен ПЦР или антигенски тест преку кој е дијагностициран вирусот.