Пендаровски: Благодарни сме ѝ на Србија за вакцините, посветени сме на добрите односи со Косово

од Nikola Popovski
259 прегледи

Претседателот на С. Македонија, Стево Пендаровски, изјавил дека нашата земја е благодарна на пријателска Србија за навремената помош во спречувањето и справувањето со коронавирусот.

Тој особено ја издвоил помошта во процесот на вакцинирање.

„Србија направи се што е во нејзина моќ да ни помогне и ние знаеме како да го цениме тој пријателски гест и нема да го заборавиме“, истакнал Пендаровски во интервју за српска „Политика“.

Одговарајќи на прашањето дали С. Македонија има право да лобира за независностa на Косово, имајќи ја предвид изјавата на вицепремиерот Груби кој му рекол на министерот за надворешни работи Бујар Османи пред неговото патување во Шпанија дека приоритетна задача е да се признае Косово, Пендаровски изјавил дека С. Македонија е посветена на добрите односи со Приштина.

Пендаровски додал дека на тој начин Скопје ги исполнува своите национални интереси, но придонесува и за зајакнување на регионалната соработка, што според него е надворешен политички приоритет на Србија. Сепак, Пендаровски смета дека лобирањето и натамошното признавање на Косово е „внатрешно прашање“ на Приштина.

Според него, Северна Македонија нема отворени проблеми со Србија, но не престанува да биде на удар од другите соседи.

Пендаровски потсети дека 30-годишниот спор со Грција е решен со Договорот од Преспа, но посочи дека С. Македонија сега е на удар од Бугарија, која, како што рече, „го напаѓа нејзиниот идентитет и јазик, држејќи ја спуштена рампата кон С. Македонија на патот кон европската интеграција“. Пендаровски посочи дека македонскиот идентитет и јазик не се и не можат да бидат предмет на било какви преговори.

Слични содржини