Навални префрлен од болница во затвор

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Рускиот опозиционер Алексеј Навални е префрлен од затворската болница назад во затворот во Покрово, каде издржува затворска казна, соопштија официјалните лица.

Претставник на затворската администрација изјави дека Навални ќе присуствува на судското рочиште по неговата тужба против затворот преку видео врска, јави ТАСС.

Ројтерс потсетува дека Навални (45) штрајкувал со глад на крајот на март, со барање да добие подобра медицинска помош во затворот, бидејќи чувствувал остра болка во ногата и грбот.

Тој го прекина штрајкот со глад во април по укажаната лекарска помош.

Слични содржини