Санкции за 15 возачи со непрописно вградени фолии на автомобилите

од Nikola Popovski
182 прегледи

МВР соопшти дека секторот за внатрешни работи Скопје денеска спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на скопската населба Ченто, при што се санкционирани 217 возачи.

„Од нив, за управување без возачка дозвола санкционирани се 35 возачи, за возење со поголема брзина од дозволеното- 32, за непрописно вградени фолии- 15, за зборување на мобилен телефон-14, некористење сигурносен појас-14, нерегистрирани возила-осум итн.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, информираат од полицијата.

Слични содржини