271
Александар Вулин, министерот за внатрешни работи на Србија, изјави денеска дека ќе побара да се забрани влез во Србија на оние што гласаа за Резолуцијата за геноцидот во Сребреница.
– Претседателот Вучиќ не е човек што забранува. Ќе го замолам да забрани влез во Србија на оние што гласаа за Резолуцијата. Нека ги гледаат своите семејства, добро распоредени по Белград, во Црна Гора – напиша Александар Вулин во изјавата, пренесува Бета.
Според него, оние што гласаа за Резолуцијата за Сребреница во црногорскиот парламент „се испишале од Србите“.
Според него, црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ за последен пат ги разочарал Србите.
– После овој срам, ништо од него не може повеќе да не разочара – додаде Александар Вулин.