346
Протоколите за враќање на сите ученици во училиштата се скоро готови, има уште некои технички детали кои го работат работната група од Министерството за образование и наука (МОН) и епидемиолози од Комисијата за заразни болести, информираше министерот за здравство Венко Филипче.
Тој смета дека ако ситуацијата со ковид-19 во септември биде како сега, учениците треба да се вратат во школите.
-Се однесува на тоа ученици да се присутни 100 проценти, т. е целото одделение или клас. Мерките се однесуваат на тоа да нема мешање на различни класови, и мерки за дезинфекциј, рече Филипче.
Од 30 илјади наставници, досега се вакцинирани 10 илјади, односно тие кои одеа на настава со физичко присуство и кои беа дел од полагањата на државната матура.