Двајцата креатори на Преспанскиот договор, премиерот Зоран Заев и поранешниот претседател на грчката Влада, Алексис Ципрас, деновиве повикаа да се заокружи имплементацијата на договорот што и го одблокира патот на земјава кон евроатлантските интеграции. Одредени обврски ги очекуваат и двете страни, а премиерот Заев потенцира дека на патоказите и останатите знаци во Грција, повеќе не смее да стои кратенката „ФИРОМ“, бидејќи, како што вели, таа е одамна замината во историјата.
-Тоа што е важно за целиот наш народ треба да го знае дека повеќе не сме ФИРОМ, но исто така со народните кодификации или кодови МК и МКД и во едни такви околности јас само можам да кажам дека очекувам и грчката страна соодветно да продолжи како што е нашето очекување тој еден или два знаци се ФИРОМ кој што постојат да ги тргнат, не е коректно да пишува Турција, Бугарија и ФИРОМ, или не е коректно да пишува Турција, Бугарија и Скопје, треба да пишува Северна Македонија, ФИРОМ навистина треба да се тргне, порача Заев.
Претходно и Ципрас истакна дека нема промена на дел од патните табли и се чини дека топката се подава од локалната кон централната власт.
Неодамна, при посетата на Скопје, поранешниот солунски градоначалник Јанис Бутарис нагласи дека дека на ниту еден сообраќајните патокази во околината на неговиот град повеќе не пишува ФИРОМ.