Великодушна, театрална, привлечна, страствена, тврдоглава, упорна, љубезна, лојална, чесна, темпераментна, горделива, полна со живот, родена лидерка…тоа е ЖЕНА ЛАВ.
Независна и со изразена индивидуалност, Лавицата бара партнер кој и самиот ги има овие карактеристики. Не и треба некој кој ќе се грижи за неа, туку маж кој е доволно сигурен во себе за да и дозволи таа да блесне со сиот свој сјај. Во врската сака секогаш да има многу забава и динамика – не поднесува рутина и постојано смислува начини како да промени нешто и да ги направи работите малку подраматични.
Во љубовта најдобро се сложува со Близнаци, Стрелец, Ваги и Овен.
Благодарејќи на својата топла личност, магичната енергија, ентузијзамот и полетноста, жената Лав ги привлекува луѓето околу себе, а нејзините пријателите неретко и се воодушевуваат. Великодушната Лавица сака да ги разгалува своите пријатели. Никогаш нема да изневери пријател и секогаш ќе биде покрај своите блиски и ќе им прости се освен предавство.