Главниот „ривал“ на Безос му честиташе за летот во вселената: Импресивно!

од Nikola Popovski
373 прегледи

Британскиот милијардер Ричард Бренсон му честиташе на Џеф Безос на летот денес во вселената, оценувајќи го како импресивен.

„Одлична работа направена од Blue Origin! Џеф, Марк, Вели и Оливер – импресивно! Се најдобро до целата екипа од мене и мојот тим во Вирџин Галактик“, напиша главнит „ривал“ Брансон на Твитер, кој полета во вселената на 11 јули.

Најбогатиот човек на светот денес со својот екипаж изврши успешен лет до работ на вселената.

На бродот со Безос биле братот Марк, авијатичарката Вели Фанк (82) и тинејџерот кој неодамна го завршил средното училиште Оливер Димен (18), како најстара и најмлада личност што стигнала до вселената, пренесува Би-Би-Си.

Вселенската посета на Безос се случи само девет дена откако Брансон полета во вселената со свој ракетен авион.

Станува збор за жестока конкурентска битка помеѓу компанијата на Безос, „Блу Ориџин“ и онаа на Брансон „Вирџин Галактик“, кои се обидуваат да го искористат потенцијално профитабилниот пазар за вселенски туризам, кој, според проценките на швајцарската банка УБС, ќе вреди околу три милијарди долари годишно.

Слични содржини