256
МВР вечерва соопшти дека при акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес, санкционирани се 67 возачи.
Според прикажаната слика на сајтот на полицијата, еден од казнетите возачи се движел со 205 км на час.
-Од вкупниот број санкционирани, 10 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а четворица дури над 70 километри на час над пропишаната брзина. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од полицијата.