403
Министерот за здравство Венко Филипче на својот фб профил напиша дека од утре започнува закажување вакцинација во домашни услови.
„Граѓаните кои од здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт да се вакцинираат ќе можат тоа да го сторат во домашни услови. Закажувањето е преку јавување во здравствените домови или член од семејството, роднина, пријател, познаник може да им закаже домашна посета за вакцинирање со директно пријавување на пунктовите за вакцинација. Медицинските екипи се подготвени да одговорат на потребите на сите граѓани“, напиша Филипче на ФБ.