За новите велосипеди и електрични тротинети, кој денеска преку ФБ ги промовираше шефот на дипломатијата Бујар Османи, како дел од новиот проект „Зелена дипломатија – новото нормално“, опозицискта коалиција Алијанса и Алтернатива велат дека е предизборен маркетинг.

„Во пресрет на локалните избори, Бујар Османи сака да фрли пепел во очите на граѓаните, додека неговите сопартијци, градоначалниците на Дибра, Струга, директори на јавни претпријатија, како и на самата Влада, трошат милиони денари на скапи автомобили. Сега кога министерот не успеа во секоја област на одговорност и ја доведе нашата дипломатија и процесот на интеграција во состојба на колапс, време е залудно да направи ПР со тротинети од 200 евра. Би сакале тој барем да ги купеше по пазарна цена, со оглед на неговото минато полно со коруптивни сомневања кога станува збор за јавните тендери“, пишува во соопштенито на Коалицијата Алијалнса и Алтернатива испратено до меидумите.

Османи на својот ФБ профил напиша дека практичноста од употребата на велосипеди и електрични тротинети се добива со едноставен преглед на локациите на државните институции, при што веднаш се забележува дека во дијаметар од 1-2 километри се наоѓаат 90% од нив, кои секојдневно се упатени на соработка, состаноци и координации.

„За вакви секојдневни кратки дестинации, треба да се обидеме, колку можеме повеќе и колку ни дозволуваат околностите, да се користи велосипед, електричен тротинет. Преку вакви примери, си помагаме себе си, ќе им ослободиме простор на другите, ќе ѝ помогнеме на околината и на природата, за да имаме почиста животна средина“, напиша Османи на ФБ.
Б.Т.