Заев: Ако е потребно, ќе си дадеме поддршка во вториот круг со останатите партии

од Nikola Popovski
191 прегледи

Премиерот Зоран Заев денес на новинарско прашање одговори дека со сите партии, ќе има некаков вид коалиција.

-СДСМ, Беса, ДПА, ДУИ ќе имаат свои кандидати во првиот круг и тогаш нема да имаме коалиција. Во вториот круг, каде што е потребно ќе си дадеме поддршка, изјави премиерот, каде присуствуваше на отворање на градинка во општината Гази Баба.

Тој додаде дека датумот на одржување на изборите останува ист, односно 17 октомври и смета дека има шанси пописот да заврши и порано од крајниот рок.

За предлогот за прагот на поднесување на независните листи, Заев информира дека е 2 проценти од вкупниот број избирачи.

„Ако има општината 10 000 избирачи, треба 200 потписи за да се поднесе независна листа. Ако има 50 000 избирачи, треба 1 000 потписи за да се поднесе независна листа“, рече премиерот.