Изборите ќе се одржат на 17-ти октомври

од Nikola Popovski
227 прегледи

„Датумот според преговорите од работните групи, во кои што учествуваат сите политички партии е 17-ти октомври, односно нема промени на датумот, кој што е утврден со изборниот законик“, изјави денес премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој нагласи дека имало дилеми само поради 3 дена поклопувања со кампањата за попис.

„Сепак се одлучи дека тоа не менува ништо. Впрочем пописот секојпат се држел 20 дена, овојпат се определени 30 дена, може навистина да се заврши порано. Пописот се одвива навечер, така да има имаме доволно време“, информира Заев.