Заев, Вучиќ и Рама прошетаа низ Скопје (ФОТО)

од Vladimir Zorba
338 прегледи

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва прошета низ Скопје со својот домаќин, премиерот на С.Македонија, Зоран Заев и премиерот на Албанија, Еди Рама.

За време на прошетката, скопјани се приближија да се поздрават со лидерите од трите земји, а некои сакаа и да направат селфи со нив, што Вучиќ, Рама и Заев со задоволство го прифатија.

Вучиќ изјави дека не бил во Скопје долго време, од младоста.

Граѓаните ги запреа Вучиќ, Заев и Рама за време на прошетката, со цел да им посакаат добредојде.

„Многу ми е драго што дојдовте во Скопје, многу ве почитувам“, му рече една постара жителка на Скопје на претседателот на Србија, за што Вучиќ и се заблагодари.

„Македонците се љубезни луѓе. Србите и Македонците секогаш се сакаат, никогаш немало никакви проблеми, но важно е да продолжиме да градиме такви односи“, рече Вучиќ.

Заев додаде дека целта на соработката меѓу трите земји е да им се олесни животот на граѓаните, земјите да бидат подобра услуга за нив.

По прошетката, тројцата влегоа во ресторан, каде што ќе продолжат неформалните разговори.

Слични содржини