МВР казни 99 пијани возачи

од Nikola Popovski
173 прегледи

Во текот на вчерашниот ден санкционирани се 537 возачи поради пребрзо возење, а од нив 60 на територија на СВР Битола. Синоќа пак, поради возење под дејство на алкохол санкционирани се 99 возачи, а само на територија на СВР Битола 45. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и сите кои се однесуваат спротивно на сообраќајните правила и прописи ќе бидат санкционирани, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешниот настан во Прилеп, во рамки на кампањата „Вози одморен!“

Според него, целта е, секако, побезбеден сообраќај за сите.

„МВР и РСБСП на сите граѓани им го честитаат големиот празник – Илинден и им посакуваат безбедни патувања и безбедно пристигнување на посакуваната дестинација. Возете одговорно и останете безбедни во сообраќајот“, апелира Ангеловски.

Слични содржини