Голема ТРАНСФОРМАЦИЈА на славниот „Џокер“ (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Хоакин Феникс беше фотографиран од папараците за време на снимањето на „Disappointment Blvd“, а за потребите на улогата, славниот оскаровец повторно направи трансформација.

На фотографиите од папараците, оскаровецот изгледа многу постаро, со сива, ретка коса и вишок килограми.

Иако деталите за филмот се чуваат во тајност, заплетот е опишан како „интимен портрет на еден од најуспешните претприемачи на сите времиња“.

Филмот е во режија на Ари Астер (35), а заедно со Феникс ќе се појават иsвездите од Бродвеј, Натан Лејн и Пети ЛуПоне.

Актерот не е непознат по промена на изгледот за улогите, Хоакин изгуби неверојатни 22 килограми за улогата на „Џокер“, поради што на крајот стана опседнат со слабеење.

Слични содржини