Бројот на активни случаи надмина 3.000: Во овие три града има најмногу заразени

од Берта Китинска
172 прегледи

Расте и бројот на новозаразени. По долго време, вчера беа регистрирани дури осум починати, 588 новозаразени од направени 5.780 тестирања. Вкупниот број на активни случаи е 3135.

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со завчера вакцинирани се вкупно 552 263 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 8202 граѓани, а вкупно се вакцинирале 14 928 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 998 876 дози вакцини, а ревакцинирани се 446 613 граѓани.

Во Скопје бројот на активни случаи се искачи на 1053, а во Тетово 755. Следи Гостивар со 370 активни случаи, Куманово – 193, Кичево – 161, Струмица – 88, Битола – 75, Дебар – 71, Охрид и Струга со по 67 активни случаи. Во другите градови се под 50 заразени, а Богданци, Крушево, Демир Хисар, Кратово, Дојран и Неготино сè уште се без позитивен случај.

Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 159 269 на оздравени пациенти е 150 613, на починати 5521.

Од понеделник почнуваат новите рестриктивни мерки, кои предвидуваат во угостителските објекти кои имаат капацитет над 30 гости, да влезат само оние кои примиле барем една доза вакцина.

Слични содржини