СДСМ најдоцна до 25 август ќе ги соопшти кандидатите за градоначалници и советници за локалните

од Vladimir Zorba
205 прегледи

СДСМ, следната недела најдоцна до 25 август, ќе ги соопшти кандидатите за градоначалници и советници за локалните избори.

-СДСМ и коалицијата на централно ниво троши доста време за да ги најде најдобрите кандидати, второ, рамномерната застапеност на советничките листи исто така за да можеме конечно да оставиме доволно време за поднесување на советничките листи согласно Роковникот на ДИК, рече Заев.

Не сакаше да коментира околу кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што кажа, тие го демантирале она што било објавено во јавноста, така што ќе чека официјално да бидат соопштени нивните имиња.