371
„Алфа“ телевизија преку соопштените ги информира своите гледачи дека својата информативна програма ќе ја скрати на 10 минути.
-Поради состојбата во која се наоѓа нашата и ваша телевизија „Алфа“, принудени сме да ги скратиме вестите на 10 минути, без прилози, видео и тонски материјали. Истото се однесува и на другите информативни програми, а ваквиот формат останува се до надминување на состојбите, пишува во соопштението на ТВ „Алфа“.