„Алфа“ демантира дека Груевски барал вклучување во живо

од Vladimir Zorba

„Алфа ТВ“ ги демантира информациите на порталот 24инфо.мк дека поранешниот премиер, Никола Груевски барал вклучување во живо.

„Ниту имало некакви тензии, ниту имало некакви барања за директни вклучувања во нашата програма.

Нашата телевизија има отворена програма со гледачи неколку часа во текот на денот во која може да се јави секој граѓанин од Македонија и светот и да го каже својот став, нешто што впрочем се случува секој ден. Оттука нема потреба од никакви барања за директни или вонредни вклучувања.

Ние сме независен медиум кој самостојно ја креира својата уредувачка политика, а ваквите обиди на одредени портали за нарушување на нашиот углед ќе завршат пред надлежните судови“, се вели во демантот на „Алфа ТВ“.

Во текот на вчерашниот ден се појавиле тензии во ТВ Алфа предизвикани од барањето на поранешниот премиер, Никола Груевски, според 24 инфо.

Наводно идејата и барањето биле Груевски да се вклучи во живо во емисијата на Богдан Илиевски.

Според информациите од редакцијата и менаџментот на телевизијата, настанала вистинска тревога околу барањето на Груевски

Слични содржини